Себастијан Ожие го зголеми своето водство во Светскиот Рели Шампионат откако извојува четврт триумф со победа на Рели Италија.
Водечкиот возач на Volkswagen изгледаше недофатлив од стартот во Сардинија, така што покажа претпазливо возење и сепак успеа да го зголеми неговото водство над една минута.
Втората и третата позиција отидоа кај Тери Невил и Јари-Мати Латвала. Невил во почетокот беше утврден на петтата позиција, но се издигна на второто место по цела серија од етапни победи, додека Латвала мораше да го надоместува времето што го загуби при пукнатина на еден пневматик во првиот ден.
Тие беа преживеаните од битката за подиумот, во која останатите натпреварувачи Мико Хирвонен, Евгени Новиков и Мадс Остберг се соочија со излетување. Дани Сордо се оддели од оваа група и го зема четвртото место за Citroen, поминувајќи го и Volkswagen-от на Андреас Микелсен откако тој ја оштети неговата суспензија на само три етапи пред крајот.
На неговото дебитирање во Светскиот Рели Шампионат, шампионот од WRC Академијата Елфин Еванс успеа да го земе шестото место. Велшанецот заврши пред Михал Козќушко со само 0.6 секунди предност. Остберг надокнади дел од времето и ја завзеде осмата позиција, додека Роберт Кубица ја утврди неговата втора последователна доминантна победа во WRC 2.
Конечни позиции на Рели Италија: Поз. Возач Тим/Автомобил Време/Разлика 1. Себастијан Ожие VW 3h22m57.9s 2. Тери Невил M-Sport Ford +1m16.8s 3. Јари-Мати Латвала VW +1m48.0s 4. Дани Сордо Citroen +3m19.2s 5. Мартин Прокоп Czech Ford +8m34.1s 6. Елфин Еванс M-Sport Ford +11m51.8s 7. Михал Козќушко Lotos Ford +11m52.7s 8. Мадс Остберг M-Sport Ford +13m21.5s 9. Роберт Кубица PH Citroen +16m47.6s* 10. Калид Ал Касими Citroen +17m19.9s