Британскиот бренд со можеби најчистите спортски гени во светот најави дека ќе започне производство на моторцикли.
Lotus отвори нова компанија наречена едноставно Lotus Motorcycles, а нивниот прв продукт ќе биде C-01.
Најавен како хипер-моторцикл, за C-01 се зборува дека ќе има 200 коњски сили, и дека ќе биде изграден од карбонски влакна, титаниум и челик со највисок квалитет. За дизајн ќе биде одговорен поранешниот главен за дизајн во VW групацијата – Daniel Simon. Покрај него, во конструирањето на овој моторцикл ќе бидат инволвирани и Kodewa тркачкиот тим, како и Holzer Group од Германија. Ова што можеме да го видиме е резервоарот за бензин, кој е офарбан во традиционалните златна и црна боја – комбинација која е уникатна за Lotus.