Mercedes-Benz SLC AMG е моделот со кој германскиот премиум бренд ќе ги предизвика Porsche 911 и новиот Jaguar F-Type.
Не е прв пат луѓето од Mercedes сами да објават шпионски фотографии од своите модели – ова се случуваше и со SLS AMG. Сега ги гледаме првите слики од SLC AMG, но сеуште ништо не е познато за моделот. Се претпоставува дека ќе има V8 турбо мотор, но нема никакви информации ниту за неговата моќност. Се што знаеме е дека ќе наликува на SLS AMG со долгата хауба и краткиот заден дел. Наскоро очекуваме повеќе информации – се надеваме на саемот во Франкфурт!