Изложба на Олдтајмери – Ексклузивна галерија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Изложба на Олдтајмери – Ексклузивна галерија!

Како што веќе еднаш напоменавме, викендов во Скопје се одржа изложба на историски возила. Ние бевме таму и ви пренесуваме дел од атмосферата!

Секогаш ја искористуваме шансата да бидеме дел од еден ваков одличен настан. Можноста да се видат квалитетно и со љубов одржувани историски автомобили е прекрасна, а дружењето со сопствениците неизбежно. Секако, покрај можноста за дружење, тука беа и наградите за најдобрите. Со награди се закитија следните автомобили и нивните сопственици:

Најдобар автомобил:

Ред. Бр. 26, Ford 15M, сопственик: Бејтула Селмани

Најдобар автомобил кабриолет :

Ред. Бр. 21, Fiat 124, сопственик: Бејтула Селмани

Најдобро теренско возило :

Ред. Бр. 30, Jeep Willys, сопственик: Сашо Несторов

Најдобар моторцикл- скутер :

Ред. Бр. 62, Vespa, сопственик: Милан Наумовски

Најдобар моторцикл :

Ред. Бр. 60, Torpedo, сопственик: Игор Стефановски

Најстар автомобил :

Ред. Бр. 28, Fiat Toplino- 1935 год., сопственик: Маријан Ивановски

Најстар моторцикл :

Ред. Бр. 30, Java- 1930 год., сопственик: Ване Шиндев

Најдобар велосипед со помошен мотор :

Ред. Бр. 59, Rog Pony Express, сопственик: Марија Стамболиска

Најдобро реставрирано возило :

Ред. Бр. 29, Peugeot 404, сопственик: Горан Ивановски

Со награда се закити и Дарио Бурагев кој е активен член на нашиот форум. Тој ја доби наградата за најдобро реставриран „Јанг Тајмер“ за својот прекрасен Golf Cabrio од првата генерација.

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.