Премиера: Новиот Aston Martin Vanquish Volante – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Новиот Aston Martin Vanquish Volante

Беше само прашање на време кога Aston Martin ќе ја претстави отворената верзија на моделот Vanquish – и денес новиот Vanquish Volante е пред нас!

Новиот Vanquish Volante е првиот модел на Aston Martin кој е целосно „обвиен“ во јаглеродни влакна, и истовремено е најцврстиот отворен автомобил во 100-годишната историја на Британскиот бренд. Мекиот кров на Vanquish Volante се отвора или затвора за 14 секунди, а без разлика на тоа дали кровот е отворен, Volante нуди задоволителни 279 литри багажен простор. Интересно е што кабриолетот е само 9 килограми потежок од купе верзијата со тврд покрив, и тежи 1845 килограми.

aston-martin-vanquish-volante-rear

Vanquish Volante го придвижува истиот AM11 мотор од „обичниот“ Vanquish. Големиот, 12-цилиндерски, 6-литарски атмосферски мотор нуди 570 коњски сили и 620 Nm вртежен момент кои се пренесуваат на задните тркала преку Touchtronic 2 автоматски менувач со шест брзини.

aston-martin-vanquish-volante-front

Цена? Ако веќе морате да прашате, Aston Martin Vanquish Volante ќе се продава за 264.995 евра во Германија. Ние би го земале веднаш, само не сме сигурни баш за синиот ентериер.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.