Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата, кои се намалуваат за еден денар!
Согласно нивната методологија за пресметка на малопродажните цени, цените на горивата се намалуваат во просек за 1.34 проценти. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ поевтинуваат за еден денар и ќе се продаваат по цена од 79 денари, 80.50 денари и 66.50 денари за литар, соодветно.
Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ, и ќе важат следните две седмици.