Peugeot го подготвува најмоќниот модел во својата историја – новиот RCZ R! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot го подготвува најмоќниот модел во својата историја – новиот RCZ R!

Францускиот производител го најави RCZ R уште пред неколку месеци, но сега објавија дека најмоќното Peugeot во историјата ќе ја има својата премиера на Goodwood фестивалот на брзината!

Под поклопецот на заводливото купе ќе се најде добро-познатиот 1.6 THP турбо-бензински агрегат, навиен на цели 260 коњски сили. Концептот кој веќе го знаеме ќе ја има својата сериска премиера на Goodwood Festival of Speed, а зад воланот ќе се најде возачот на 24 Часа ЛеМан – Bradley Philpot. Според најавите, RCZ R ќе има спортски поставена суспензија, уникатни спортски фелни, како и Torsen диференцијал со ограничено пролизгување.

Сеуште нема официјални податоци за перформансите, но Peugeot ја најави емисијата на штетни гасови – која и покрај сета таа моќност ќе изнесува само 155 грама CO2 на изминат километар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.