Mitsubishi Space Star постави рекордна потрошувачка од 3.38 литри на 100 километри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi Space Star постави рекордна потрошувачка од 3.38 литри на 100 километри!

Господинот Felix Egolf од Швајцарија успеа да постави импресивен рекорд за ниска потрошувачка – тој со малиот Mitsubishi Space Star успеа да помине 1111 километри со 37.65 литри гориво!

Felix Egolf е пилот од Швајцарија кој има интересно хоби – тој ужива во поставување рекорди за ниска потрошувачка, кои се официјално измерени и потврдени. Ова е истиот човек кој неодамна постави рекорд со Mitsubishi ASX опремен со дизел мотор кој потроши само 3.2 литри на 100 изминати километри.

Интересно е што Felix успеал да постигне потрошувачка пониска од фабрички декларираната – според Mitsubishi, Space Star би требало да троши 4 литри гориво на 100 изминати километри. Во рацете на Felix, Space Star опремен со 1.2 литарски бензински мотор со 80 коњски сили и старт/стоп функција со само еден резервоар гориво, односно 37.65 литри успеа да помине точно 1111 километри. Според тоа, Space Star потрошил 3.38 литри на 100 изминати километри, односно 17% помалку од декларираното. Патувањето траело 20 часа, а просечната брзина била 55 километри на час.

spacestar-dash

Space Star за само неколку дена ќеја има својата премиера во Скопје, а ние ќе ви ги пренесеме нашите првични импресии од овој изненадувачки економичен автомобил.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.