Возачот на Red Bull, германецот Себастијан Фетел на доминантен начин стигна до својата прва победа на канадското гран при.
Себастијан Фетел е победник на седмата трка од овогодинешната сезона на Formula 1. Тој стартуваше од пол-позицијата и во ниту еден момент до крајот на трката не дозволи да му биде загрозено или одземено првото место. Со него на победничкиот пиедестал се искачија возачот на Ferrari, Фернандо Алонсо, како и Луис Хамилтон од Mercedes.
Со оваа победа Фетел, направи значен исчекор во борбата за титулата и ја зголеми предноста на 36 поени во однос на Фернандо Алонсо, кој се искачи на втората позиција во генералниот поредок по лошото издание на Кими Раиконен кој заврши како 9ти. Единствена утеха за летечкиот финец, е тоа што успеа да го изедначи рекордот на Михаел Шумахер од 24 последователни трки завршени во пласман за бодови.
По разочарувачкиот викенд пред две седмици во Монако, Ferrari имаше солидна трка во која што покажаа дека имаат навистина силен болид. По вчерашните разочарувачки квалификации за Фелипе Маса, тој успеа од шестнаесеттата позиција на крајот да заврши како осми, а Фернандо Алонсо кој стартуваше како шестти, успеа да надокнади четири позиции.
Тимот на Force India, кој овој викенд ја прославуваше својата јубилејна 100та трка, успеа да заврши во бодови со двата свои болида кои на крајот се најдоа на седмата и десеттата позиција.
За три седмици нè очекува вистинска класика, бидејќи Formula 1 се сели во Велика Британија на легенедарната патека Silverstone.
Резултати од трката за ГН на Канада:
1. S.Vettel RBR-Renault 2. F.Alonso Ferrari 3. L.Hamilton Mercedes 4. M.Webber RBR-Renault 5. N.Rosberg Mercedes 6. J.Vergne STR-Ferrari 7. P.Resta Force India 8. F.Massa Ferrari 9. K.Räikkönen Lotus 10. A.Sutil Force India 11. S.Perez McLaren-Mercedes 12. J.Button McLaren-Mercedes 13. R.Grosjean Lotus 14. V.Bottas Williams 15. D.Ricciardo STR-Ferrari 16. P.Maldonado Williams 17. J.Bianchi Marussia 18. C.Pic Caterham 19. M.Chilton Marussia Отк. E.Gutierrez Sauber Отк. N.Hulkenberg Sauber Отк. G.Garde Caterham
Генерален пласман – возачи:
1. Sebastian Vettel - 132 2. Fernando Alonso - 96 3. Kimi Raikkonen - 88
Генерален пласман – конструктори:
1. RBR – Renault - 201 2. Ferrari - 145 3. Mercedes – 134
Подготвил: Игор Андоноски