Американскиот режисер и голем љубител на дрифтот, Вил Роги, објави видео исечоци од последната Formula Drift трка во Палм Бич, снимени во висококвалитетна 4К резолуција и 120 фрејмови (слики) во секунда.
Ова ни дава детален преглед на разновидните магични движења и деформации на автомобилите во текот на нивното странично пролизгување, како и создавањето на огромниот облак од чад позади нив. Погледнете и уживајте!