Себастијан Фетел од тимот на Red Bull успеа да ја прекине низата од 4ри последователни пол-позиции за тимот на Mercedes, со што утрешната трка ќе ја започне од челната позиција!
Германецот од тимот на Red Bull, Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата на денешните квалификации на патеката Жил Вилнев во Монтреал, Канада. Во првиот ред друштво ќе му прави пилотот на Mercedes, Луис Хамилтон, а од третата позиција на големо изненадување ќе стартува дебитантот во Formula 1, Валтери Ботас од тимот на Williams.
Дождот беше бо главната улога на овие квалификации и ги направи многу интересни и возбудливи. Најинтересно беше во 2-рата квалификациска сесија по инцидентот на Фелипе Маса, кој со своето Ferrari излета од патеката и удри во заштитната ограда. Квалификациите беа стопирани на скоро 2 минути пред крајот, а по нивниот повотрен старт, излегоа сите 16 возачи за да постигнат што побзро време, создавајќи вистинска гужва на патеката. Како најголеми губитници во целата таа мешаница излегоа возачите на Mclaren, Серхио Перез кој ќе стартува како 12ти и Џенсон Батон кој трката ќе ја започне од 14та позиција.
Добри квалификации имаше и тимот на Toro Rosso, успевајќи да се пласира меѓу десетте најдобри со болидите на своите двајца возачи. Конкурентите за титулата на Себастијан Фетел, возачот на Ferrari, Фернандо Алонсо и Кими Раиконен од Lotus, ќе стартуваат од 6та, односно 9та позиција.
Мало потсетување за гледачте, поради временската разлика со Канада, утрешната трка во Монтреал ќе започне во 20 часот.
Стартен Редослед:
1. S. Vettel RBR-Renault 2. L.Hamilton Mercedes 3. V.Bottas Williams-Renault 4. N.Rosberg Mercedes 5. M.Webber RBR-Renault 6. F.Alonso Ferrari 7. J.Vergne STR-Ferrari 8. A.Sutil Force India-Mercedes 9. K.Räikkönen Lotus-Renault 10. D.Ricciardo STR-Ferrari 11. N.Hulkenberg Sauber-Ferrari 12. S.Perez McLaren-Mercedes 13. P.Maldonado Williams-Renault 14. J.Button McLaren-Mercedes 15. E.Gutierrez Sauber-Ferrari 16. F.Massa Ferrari 17. P.Resta Force India-Mercedes 18. C.Pic Caterham-Renault 19. R.Grosjean Lotus-Renault 20. J.Bianchi Marussia-Cosworth 21. M.Chilton Marussia-Cosworth 22. G.Garde Caterham-Renault
Подготвил: Игор Андоноски