Одржана и третата рунда од Formula Drift во Палм Бич – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Одржана и третата рунда од Formula Drift во Палм Бич

Изминатиот викенд, Formula Drift се врати на Интернационалната тркачка патека Палм Бич за третата трка од оваа сезона, на која златото го зема Мајкл Еса со неговото BMW e46 M3.

Третата трка од најпознатиот дрифт шампионат се покажа како голем предизвик за возачите, создавајќи потешкотии за повеќето фаворити да влезат во понатамошните фази од натпреварот.

Larry_Chen_Speedhunters_Formula_drift_Palm_beach_bts_desktop-3

Борбата за третото место требаше да се одвива помеѓу Роби Нишида позади воланот на Achilles Lexus SC300 и Вон Гитин со неговиот Monster Ford Mustang, но поради механички проблеми од претходната рунда, Гитин беше приморан да му ја отстапи утешната позиција на Нишида.

larry_chen_speedhunters_formula_drift_palm_beach_desktop-1

Финалната битка ги спротивстави Мајкл Еса возејќи GSR Autosport BMW M3 и Даиго Саито позади воланот на Achilles Tire Lexus SX430, кој беше победник на оваа локација минатаата година. Борбата беше жестока, но Еса се покажа како подобар откако Саито направи мала грешка во вториот дел.

larry_chen_speedhunters_formula_drift_palm_beach_desktop-7

Ова е прв подиум и победа на Еса во Formula Drift шампионатот, кој го покачи на третата позиција во генерален пласман. Резултатите од оваа трка го искачија Саито на првото место, веднаш пред Гитин, кој се најде на втората позиција.

Подоле можете да погледнете три-часовно видео од целата трка и да ги видите сите битки од Палм Бич!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.