Vauxhall VXR8 GTS со 6.2-литарски V8 и 576 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Vauxhall VXR8 GTS со 6.2-литарски V8 и 576 коњски сили!

Британскиот огранок на Opel, односно General Motors го најави новиот VXR8 GTS кој според понудените бројки ќе биде сериозен конкурент на Mercedes E63 AMG и BMW M5.

Да ги погледнеме најважните бројки – 6.2-литарски, компресорски V8 позајмен од Chevrolet Camaro ZL1 кој испорачува 576 коњски сили и 738 Nm вртежен момент. Забрзување од 0 до 100 километри на час за помалку од 4.9 секунди (сеуште не се објавени официјалните времиња) и сериозно висока крајна брзина. Моќноста се пренесува на задните тркала преку 6-степен мануелен менувач.

vauxhall-vxr8-gts-side

Колку е брз новиот VXR8? Благодарение на 150-те коњски сили повеќе од претходникот, сигурни сме дека ќе биде навистина брз, и вистински конкурент на докажаните Германци. Секако, Германците го имаат престижот и премиумот на нивната страна, а и достапноста на Европскиот пазар ќе го направи своето (VXR8 ќе се продава само на Британскиот пазар), но сепак мора да им честитаме на челниците на Vauxhall за храброста.

Vauxhall VXR8 GTS ќе се продава во Велика Британија по цена од 55.000 фунти, односно 64.300 евра – ситница во споредба со 103.000 евра кои се почетна цена за BMW M5 и Mercedes E63 AMG.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.