Британскиот производител го најави „отворениот“ Exige S, кој благодарение 3.5-литарски V6 со компресор нуди 350 коњски сили!
Благодарение на овој мотор, роудстерот тежок 1166 килограми забрзува до 100 километри на час за 4 секунди, и забрзува се до електронски ограничената брзина од 233 километри на час. Моќта се пренесува на асфалтот преку 18-инчни тркала обвиени во Pirelli P-Zero Corsa гуми. За ова задоволство, купувачите во Европа ќе треба да одвојат 55.378 евра.