Средовечно освежување за BMW Серија 5 – Мега Галерија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Средовечно освежување за BMW Серија 5 – Мега Галерија!

BMW ја претстави суптилно редизајнираната Серија 5 и додаде основен 518d модел.

Дискретната обнова на екстериерот на Серија 5 и донесе нови браници и изменета технологија на предните и задните светлосни групи. Додадени се два нови пакети на опрема – Luxury Line и Modern Line, како и можност за адаптивни LED предни светла, нови бои за екстериерот и ентериерот, и нова гама на алуминиумски фелни.

Во внатрешноста, BMW направи мали подобрувања на контролниот дисплеј на стандардниот iDrive систем и зголемување на деловите за складирање во централната конзола кај седанот и караванот. Моделот Gran Turismo се здоби со 60 литри поголем багажен простор, за вкупни 500 литри.

2014-BMW-5-Series-I[2]

Најголемите новости кај погонските единици е пристигнувањето на 518d. Тој претставува 2.0-литарски турбо-дизел агрегат кој се наоѓа под поклопецот на моменталната 520d, но со намалена сила на 141 кс. 518d е способен да постигне импресивна просечна потрошувачка од само 4.5 литри на 100 километри, со емисија на штетни гасови од само 119 грама на километар.

Сите други мотори во палетата на Серија 5 се прилагодени да ги усогласат Еуро 6 стандардите за загадување и добиваат технологии како регенерација на силата при сопирање, стоп-стар и економичен режим на возење.

Последната новост е додавање на xDrive систем за погон на сите тркала кај 520d седан и караван моделите.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.