Освежената E-Class на Mercedes-Benz пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежената E-Class на Mercedes-Benz пристигна во Македонија!

Автомобилот, кој според најавите полусамостојно може самиот да се управува, пристигна во Македонија!

Импортерот за Mercedes-Benz за Македонија, Мак Ауто Стар навистина брзо ја донесе освежената E-Class во Македонија. Според нив, промените кај овој автомобил не се само во надворешноста, туку и во технологијата која тој ја носи во себе.

Според објавеното, новата E-Class е најдинамичната досега, и може да се пофали со дури 11 нови системи кои се нудат и кај знаменосецот, новата S-Class. Соодветно на тоа, новата E-Class може автоматски да го одржува растојанието со возилото пред Вас и во итни случаи може да иницира самостојно сопирање, што претставува полусамостојно управување или чекор поблизу кон паметните автомобили кои ќе можат сами да се управуваат.

Покрај ова, се нудат и системите Distronic Plus со Steering Assist, BAS PLUS, PRE-SAFE BRAKE и PLUS, систем за следење на лентата на движење, активна контрола на долгите светла, активно паркирање, препознавање на сообраќајни знаци, 360-степенска камера, како и Collision Prevention Assist и Attention Assist. Сите овие системи имаат за цел да му го олеснат управувањето на возачот, но и да помогнат да бидат избегнати несакани ситуации.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Новата E-Class ќе се нуди со голем број на бензински и дизел мотори, сите опремени со Старт-Стоп функција. Новитет е BlueDIRECT моторот со четири цилиндри со насочено распрскување при директно вбризгување на горивото, кој нуди ниска потрошувачка од само 5.8 литри на 100 изминати километри и во целост е во согласност со EU6 стандардите.

Бензинците се со зафатнина од 2 литри, па до 4.7 литри, и нудат моќност од 184 до 408 коњски сили. Дизелите се со зафатнина од  2.1 литри до 3 литри, и нудат помеѓу 136 и 252 коњски сили. Повеќе можете да дознаете на новата веб-страница посветена на E-Class.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.