Регулаторната комисија за енергетика пред неколку моменти ги објави новите цени на горивата, кои одат малку нагоре!
Во согласност со нивната методологија за пресметка на малопродажните цени на горивата, цените се зголемуваат во просек за 1.22%. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1 денари, и од вечерва еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 79 денари. Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за 0.5 денари, и од вечерва на полноќ ќе се продаваат по цена од 80.50, односно 67.50 денари за литар.
Како што напоменавме, цените важат од вечерва на полноќ.