Aston Martin го претстави концептот CC100 за да го одбележи и прослави нивниот 100-ти роденден.
Концептот оддава почит на нивниот тркачки автомобил DBR1 кој триумфираше во 1959-та година на Ле Ман 24 и има класична спидстер конфигурација со две седишта и модерен дизајнерски дизајн од Aston Martin. Автомобилот е долг приближно 4.5 метри и широк околу 2 метри, со тежина од помалку од 1,200 килограми.
Карбонската каросерија ја придвижува 6.0-литарски V12 агрегат усогласен со шест-степена мануелна трансмисија. Забрзувањето од место до 100 км/ч трае малку повеќе од четири секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 290 км/ч.
Концептот е развиен и создаден за помалку од шест месеци во главниот штаб на компанијата во Гејдон, Велика Британија. Aston Martin произведе само еден примерок од CC100 кој веќе е продаден по цена од околу 500,000 Британски фунти.