Opel Astra сега може да се нарача со 1.6-литарски турбо-бензински агрегат кој испорачува 170 коњски сили!
Новиот бензински турбо мотор е со зафатнина од 1.6 литри, и испорачува 170 коњски сили и 280 Nm вртежен момент – односно цели 50 Nm повеќе од својот претходник, а сиот тој вртежен момент е достапен од само 1650 вртежи во минута! Ова е првиот од 13 нови мотори кои Opel планира да ги донесе на пазарот до 2016-та година.
Во Opel Astra, овој мотор ќе троши само 5.9 литри на 100 изминати километри, и ќе се нуди во комбинација со шест-степен мануелен менувач или шест-степен автоматски менувач со Active Select функција за мануелно менување брзини. Цената за Astra хечбек опремена со овој мотор во Германија ќе започнува од 23.385 евра.