Соработката помеѓу Alfa Romeo и Mazda за создавање на нов Spider и MX-5 направени на иста база најверојатно нема да се однесува и на погонските единици.
Повеќе од јасно е дека дизајнот ќе биде различен, секој модел во стилот на брендот, но платформата на двата автомобили ќе биде иста. Сепак, ова не важи и за моторите кои ќе ги придвижуваат роудстерите.
Новата Mazda MX-5 најверојатно ќе добие SKYACTIV 1.6-литарски бензински агрегат со околу 130 кс, а Alfa Romeo Spider ќе ја погонува 1.4-литарскиот MultiAir агрегат кај послабите варијанти, додека посилните верзии се очекува да бидат опремени со 1750 TBi моторот. Силата кај Италијанскиот близнак ќе варира од 120 до 296 кс, но и двата модели стандарно ќе имаат шест-степен рачен менувач.
Најглавната разлика која ќе придонесе за многу посебни карактери е тоа што агрегатот на MX-5 ќе биде природно аспириран и ќе постигнува многу високи вртежи.