Ексклузивно: Volkswagen Amarok R-Style Concept од Wörthersee – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ексклузивно: Volkswagen Amarok R-Style Concept од Wörthersee

Главниот домаќин на Wörthersee фестивалот, Volkswagen, претстави дизајнерска студија за спортска изведба од Amarok.

Спортскиот концепт е погонуван од 3.0-литарски V6 турбо дизел агрегат кој испорачува 268 кс и максимален вртежен момент од 600 Nm. Шест-цилиндарскиот мотор е поврзан со осум-степена автоматска трансмисија и постојан погон на сите тркала, што го прави моделот способен да забрза од место до 100 км/ч за 7.9 секунди.

Екстериерот се одликува со 60mm пошироки крила кои ги вдомуваат огромните 22-инчни фелни во темно сива боја, обвиени во пневматици со високи перформанси во профил 295/35. Тука се и нови браници, странични прагови, заден дифузер со две издувни цевки и нови LED светла. Внатрешноста е дотерана со поспортски седишта, карбонска централна конзола и панели на вратите, спортски волан и црвени детали.

Погледнете ги ексклузивните фотографии направени од нашиот фотограф Дејан Маликовски!

Поддржано од:



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.