Brabus тјунинг пакет за Mercedes-Benz A220 CDI – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Brabus тјунинг пакет за Mercedes-Benz A220 CDI

Brabus e познат по неговите содржајни тјунинг програми за Mercedes, но сега тјунерот користи поинаков пристап, претставувајќи пакет за A220 CDI.

Дизелскиот хечбек добива Brabus ECO PoweXtra пакет, кој го доведува 2.2-литарскиот согорувач на нафта од 170кс и 350Nm на 210кс и 410Nm вртежен момент. Новите спецификации му овозможуваат на автомобилот забрзување од 0-100 км/ч за 7.9 секунди и максимална брзина од 230 км/ч. Во пакетот спаѓа и спортски издувен систем кој користи четири издувни цевки.

Што се однесува на контактот со подлогата, тоа е сега подобрено со спортски пружини и специјални тркала кои доаѓаат во големини од 18 и 19 инчи. Покрај тоа, Brabus нуди и благ аеродинамички пакет кој содржи преден сплитер, заден дифузер и заден кровен спојлер.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.