Полицијата во Дубаи со неверојатен возен парк од егзотични автомобили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Полицијата во Дубаи со неверојатен возен парк од егзотични автомобили

Иако до пред некој ден мислевме дека суперавтомобилите можат да бидат превозно средство на спроведувачите на законот само во видео игрите, полицијата на Дубаи ни го покажува спротивното.

Неодамна нивниот возен парк беше збогатен со Chevrolet Camaro, Ferrari FF и Lamborghini Aventador, a сега им се приклучуваат и Aston Martin One-77, Mercedes-Benz SLS AMG и Bentley Continental GT. Разбираме дека овие автомобили се потребни бидејќи можат да се вклучат во потери со огромни брзини, но навистина е несфатливо и зачудувачки зошто на полициски оддел би му бил потребен еден од 77-те ултра егзотични примероци од One-77, вреден 1.5 милиони евра. Само за потсетување, реткиот модел на Aston Martin го погонува 7.3-литарски природно аспириран V12 агрeгат со 750кс.

Сепак, ова не е целосната флота на полицијата во Дубаи, бидејќи во нивните редови наскоро се очекува да пристигне и Bugatti Veyron, способен да постигне над 400 км/ч!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.