Пристигнува Skoda Rapid Sport на Wörthersee – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигнува Skoda Rapid Sport на Wörthersee

Skoda ќе претстави спортска изведба од новиот Rapid седан на најголемиот собир на автомобили од Volkswagen групацијата – Wörthersee.

Rapid Sport Concept ќе има двобојна каросерија во сива и црвена боја, а ќе вози на 19-инчни алуминиумски фелни. Автомобилот ќе има агресивен преден дел со редизајниран браник кој вклучува сплитер и голем отвор за воздух, додека на поклопецот од моторот се додадени два отвори за вентилација.

Тука се и пошироките крила кои треба да ги вдомат поголемите тркала, како и масивниот заден браник со интегрирани две издувни цевки. Ентериерот е збогатен со спортски волан, Recaro седишта со понагласена странична поддршка и амбиентално осветлување на плочите од праговите на вратите.

Не се познати деталите околу погонскиот агрегат, а не се знае ниту дали моделот ќе оди во сериско производство, но е одличен пример за алтернативно размислување од страна на Чешкиот огранок на Volkswagen.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.