Најбрзиот човек на светот доби Nissan GT-R! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најбрзиот човек на светот доби Nissan GT-R!

Јапонскиот производител му подари Nissan GT-R офарбан во уникатна златна боја на најбрзиот човек на светот – Усаин Болт!

Минатата година, ист ваков GT-R беше понуден на аукција, а парите од таа аукција (187.100 долари) беа донирани на Usain Bolt фондацијата за помош на деца во Јамајка. Оваа година Јапонскиот производител реши да му подари уште еден ваков автомобил. Овој примерок на GT-R ја носи истата златна боја, има BOSE аудио систем, RAYS фелни и двобоен ентерир. Според Nissan, овој примерок на GT-R е специјално нагоден според стилот на возење на светскиот првак.

Автомобилот на Usain Bolt му беше предаден пред само неколку дена, и според Nissan ова е еден од вкупно два златни примероци на овој автомобил со фабричка боја.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.