Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите, скоро непроменети цени на горивата.
Согласно нивната методологија за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.35%. Преведено во реалноста, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ остануваат исти. Само цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе истрпи мало покачување, и ќе се продава за цена 0.5 денари повисока од досегашната, односно за 80 денари за еден литар гориво.
Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ, и ќе важат следните две седмици.