Volkswagen Golf VII Light Tron – автомобил кој свети во темница! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Golf VII Light Tron – автомобил кој свети во темница!

Германските тјунери Low-Car-Scene и Blackbox-Richter направија уникатен Golf од седмата генерација кој сигурно ќе го привлече вниманието на минувачите!

Приказната започнува со обичен Volkswagen Golf опремен со 1.4-литарскиот TSI агрегат. На овој автомобил му се додадени прилично големи тркала од Rotiform, а момците од Low-Car-Scene го инсталираа нивниот RideAir Version 3 систем за воздушно потпирање. На предниот дел е додаден изменет браник од Golf R од шесттата генерација.

Но она што го издвојува овој Golf од другите е фолијата со која е обвиен. Фолијата со фосфорни елементи е во бела боја за каросеријата, и розова за деталите. Во темница, овие бои се менуваат во зелена и црна, соодветно. Повеќе од доволно да го привлечат вашето внимание, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.