Suzuki го претстави новиот Authentics концепт на овонеделниот автомобилски саем во Шангај.
Authentics е студија за стилски четири-вратен седан, чија сериска верзија најверојатно ќе биде наследник на Kizashi. Автомобилот го прикажува дизајнерскиот правец на идните модели од Ц-сегментот на Suzuki. Kizashi се покажа како донекаде успешен седан за јапонскиот производител, но по повлекувањето на Suzuki од Американскиот пазар и ограничената понуда на Европскиот пазар(Kizashi се нудеше само со 2.4-литарски бензински агрегат, без воопшто да се понуди дизелски мотор), моделот не го постигна очекуваниот ефект.