BMW не објавува официјални податоци за технологијата која стои позади BMW X4 Concept, но овој мал BMW X6 е одговор на прашање кое никој не го поставил.
Сега за сега ги знаеме димензиите на X4 Concept. Урбаниот теренец е долг 4648 милиметри, широк 1915 милиметри а висок 1622 милиметри. Концептот го има истото меѓуоскино растојание како BMW X3 од 2810 милиметри, но е 53 милиметри понизок и 34 милиметри поширок.
Според најавите од BMW, дизајнот на X4 нема многу да се смени кога автомобилот ќе почне сериски да се произведува следната година. Дизајнот е дело на Karim Habib, а автомобилот ќе се произведува во фабриката на BMW во Spartanburg, во Соединетите Американски Држави. Знаејќи го BMW, ќе можеме да очекуваме лепеза на бензински и дизел агрегати, но не би исклучиле ни хибридна верзија.