Icona Vulcano – Суперавтомобил од пеколот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Icona Vulcano – Суперавтомобил од пеколот!

Нов Италијански суперавтомобил, наречен Icona Vulcano, дебитираше на автомобилскиот саем во Шангај.

Брендот Icona е основан во 2010 како Италијанска компанија за дизајн, но базирана во Шангај за да ги задоволува желбите на Кинеските купувачи за специјални модели.

Vulcano e првиот модел кој излегува од компанијата. Тој се протега во должина од 4450mm и ширина од 1940mm, а неговата тежина изнесува 1595 килограми. Дизајнот е дело на Самјуел Чафарт, додека за изборот на погонскиот дел се погрижил поранешниот технички директор на Ferrari F1 – Клаудио Ломбарди.

Првиот избор е хибриден погон кој комбинира 6.0-литарски V12 агрегат со сила од 790кс, усогласен со електричен мотор со сила од 160 кс за вкупно 950кс. Силата се испорачува кон задните тркала преку автоматски менувач. Во оваа комбинација, моделот е способен да забрза од 0-100 км/ч за 3.0 секунди, 0-200 км/ч за 9.2 секунди и да достигне максимална брзина од околу 350 км/ч.

Вториот избор користи помал V6 агрегат потпомогнат од два турбополначи, заедно со пар од електрични мотори за комбинирани 870 кс, правејќи го автомобилот со погон на сите тркала. Оваа комбинација може да забрза од 0-100 км/ч за 2.9 секунди и 0-100 км/ч за 8.9 секунди, додека максималната брзина е исто 350 км/ч. И двата модели можат да возат само на електрична енергија на кратко растојание.

Icona Vulcano e еден единствен примерок, а во неговите перформанси ќе може да ужива само оној кој ќе издвои два милиони евра за негово купување.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.