Возачот на Red Bull, германецот Себастијан Фетел со одлично возење стигна до својата 2-ра победа оваа сезона. Подиумот беше ист како и минатата година – на него покрај победникот Фетел, се најдоа возачите на Lotus, Кими Раиконен и Роман Грожан.
Себастијан Фетел во свој стил стигна до 28-та победа во неговата кариера, поминувајќи го Сер Џеки Стујарт на вечната листа. Уште на стартот на трката Фетел покажа дека сака да им побегне на конкурентите и за само неколку круга успеа да ја врати изгубената позиција од Фернандо Алонсо на стартот и да го помине носителот на пол-позицијата Нико Розберг. Од тој момент па се до крајот на трката, позицијата не Фетел во ниеден момент не беше загрозена. Олеснителна околност за германцот беше и проблемот на Фернандо Алонсо со DRS системот, кој го чинеше една дополнителна посета на механичарите и не можност за користење на системот до крајот на трката.
Возачите на Лотус, кои разочараа на квалификациите, со одлично возење и одлична стратегија успеаја да стигна до подиумот. Кими Раиконен се одлучи за едно влегување помалку во боксот од конкурентите, додека Роман Грожан имаше навистина добро темпо за време на трката и успеа да ја избегне т.н. “колона” со што му се отовори простор за пласман на подиумот. Токму таа “колона” беше најинтересен дел од целата трка бидејќи се водеше постојана битка за 5-та позиција, а во таа битка учествуваа дури 6 возачи кои имаа навистина интерсни и жестоки дуели. Во таа борба за позиција беа вклучени возачите на Mercedes, Луис Хамилтон, кој на крајот успеа да биде поуспешен од останатите, завршувајќи на 5-та позиција и Нико Розберг кој беше можеби најголемото разочарување на трката бидејќи стартуваше од пол-позиција а трката ја заврши на 9-то место, покажувајќи дека тимот на Mercedes има навистина лошо темпо за време на трката.
Во истата таа група беа и пилотите на Mclaren, Џенсон Батон и Серхио Перез кои водеа најжестока битка, битка каква што не сме гледале можеби неколку години. Иако се тимски колеги, на патеката изгледаа како најлути ривали и на сите гледачи им овозможија вистинско задоволство. Колоната ја закоружија, Марк Вебер кој во последниот кург изгуби 2 позиции и од 5-та падна на 7-та и малерозниот Фернандо Алонсо, кој покажа одлична борбеност и без DRS системот успеаа да стигне до 8-та позиција и да освои значајни бодови.
Одличен викенд имаше и Пол Ди Реста од тимот на Force India, кој по вчерашното 5-то место на квалифиакциите успеа да се искачи една позиција погоре на денешната трка. Ди Реста имаше можност за прв пат во неговата кариера да се искачи на подиумот, но неговите пневматици не беа во состојба да го издржат нападот на Роман Грожан.
По возбудувањата што ни ги приреди оваа трка со нетпрение го очекуваме европскиот дел од сезоната. За 3 недели караванот на Formula 1 се сели во Шпанија, каде што на патеката во Барселона ќе се вози 5-та трка од шампионатот.
Резултати, ГН Бахреин:
- S.Vettel RBR – Renault
- K.Räikkönen – Lotus Renault
- R.Grosjean – Lotus Renault
- P.Resta – Force India Mercedes
- L.Hamilton – Mercedes
- S.Perez – McLaren-Mercedes
- M.Webber – RBR-Renault
- F.Alonso – Ferrari
- N.Rosberg – Mercedes
- J.Button – McLaren-Mercedes
- P.Maldonado – Williams-Renault
- N.Hulkenberg – Sauber-Ferrari
- A.Sutil Force – India-Mercedes
- V.Bottas – Williams-Renault
- F.Massa – Ferrari
- D.Ricciardo – STR-Ferrari
- C.Pic – Caterham-Renault
- E.Gutierrez – Sauber-Ferrari
- J.Bianchi – Marussia-Cosworth
- M.Chilton – Marussia-Cosworth
- G.Garde – Caterham-Renault
Отк. Ј.Vergne – STR-Ferrari
Генерален пласман – возачи:
- S.Vettel: 77
- K. Raikkonen: 67
- L.Hamilton: 50
Генерален пласман – конструктори:
- RBR-Renault: 109
- Lotus-Renault: 93
- Ferrari – 77
Подготвил: Игор Андоноски