FORMULA 1 – ГН БАХРЕИН: Нико Розберг ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

FORMULA 1 – ГН БАХРЕИН: Нико Розберг ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка

Пилотот на Mercedes AMG, Нико Розберг ќе стартува од пол-позиција на утрешната трка во Бахраин. До својата втора пол-позиција во кариерата, Розберг стигна со навистина одлично возење во квалификациите. Зад него ќе стартуваат лутите ривали и можеби главните претенденти за титулата, Себастијан Фетел од тимот на Red Bull и Фернандо Алонсо од Ferrari.

Откако минатата недела Луис Хамилтон покажа дека тимот на Mercedes ја има потребната брзина, освојувајќи ја пол-позицијата на патеката во Кина, денеска истото го потврди неговиот тимски колега Нико Розберг. Ова е втора последователна пол-позиција за тимот на Mercedes кој заедно со тимот на Red Bull делуваат најконстантно на квалификациите оваа сезона. На 4-те трки тие поделија по 2 пол-позиции.

Она што треба да го загржиува Розберг, е тоа што зад него се наоѓаат Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо кои веќе 4-та година по ред водат непоштедна битка за титулата. Она што сите ќе го очекуваат на утрешната трка е нивни директен дуел. Можеби шпанецот е во поповлна позиција знаејќи дека веднаш до него на стартот е неговиот тимски колега Фелипе Маса, кој што профитираше најмногу од казните на Луис Хамилтон(5 места поназад, поради промена на менувачот) и Марк Вебер(3 места поназад, поради предизвикување судир на минатата трка). Интересно е што Маса постави навистина одлично време со тврдата компонента на гуми, додека сите останати ја кориситеа средно-тврдата варијанта. То значи дека бразилецот утре ќе има поинаква стратегија исто како и Џенсон Батон кој не постави време во последната квалификациска сесија.

Најголемо разочарување е тимот на Lotus од кој се очекува многу повеќе по победата на првата трка и второто место на Кими Раиконен на минатата трка. Финецот извозе навистина слаб летечки круг во последната сесија и ја освои 9-та позиција, но поради казната на Вебер ќе стартува како 8-ми. Од друга страна Роман Грожан, одлучи да извозе само еден круг во втората квалификациска сесија, што се покажа недоволно за влез во наредната и утре ќе стартува од 11-та позиција.

Ако тимот на Lotus е разочарување, тогаш тимот на Force India е најпријатно изненадување, бидејќи нивните возачи, Пол ди Реста и Адриан Сутил ќе стартуваат од 5-та и 6-та позиција. Иако нивниот напредок се должи на казните на Вебер и Хамилтон, сепак овој тим навистина покажува дека има капацитет да е умеша во борбата на водечките тимови кои имаат многу поголеми средства.

1. N.Rosberg – Mercedes
2. S.Vettel – RBR-Renault
3. F.Alonso – Ferrari
4. F.Massa – Ferrari
5. P.Resta – Force India-Mercedes
6. A.Sutil – Force India-Mercedes
7. M.Webber – RBR-Renault
8. K.Räikkönen – Lotus-Renault
9. L.Hamilton – Mercedes
10. J.Button – McLaren-Mercedes
11. R.Grosjean – Lotus-Renault
12. S.Perez – McLaren-Mercedes
13. D.Ricciardo – STR-Ferrari
14. N.Hulkenberg – Sauber-Ferrari
15. V.Bottas – Williams-Renault
16. J.Vergne – STR-Ferrari
17. P.Maldonado – Williams-Renault
18. C.Pic – Caterham-Renault
19. J.Bianchi – Marussia-Cosworth
20. G.Garde – Caterham-Renault
21. M.Chilton – Marussia-Cosworth
22. E.Gutierrez – Sauber-Ferrari

Текст: Игор Андоноски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.