Нови 308 GTi, 308 XY и можен 208 R модел од Peugeot – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нови 308 GTi, 308 XY и можен 208 R модел од Peugeot

Peugeot очигледно решил да се врати на старите одлични денови, кога неговото име стоеше како назнака на одлични спортски компакти.

Ова го докажуваат со новиот 208 GTi во последниве месеци. Сега, тие изјавуваат дека тоа ќе продолжи во овој правец со прописна спортска верзија од следната генерација на 308, исто така означена како GTi, а потоа и уште посилна верзија од 208, со “R” назнака, исто како RCZ R, кое ќе располага со 260 кс.

Очигледно, тие сакаат да создадат специјални подбрендови, така што со XY ќе бидат означени моделите со најмногу опрема, додека со GTi спортските, а R ќе се користи само кај најсилните.

Францускиот бренд изјави дека новиот 308 GTi ќе има далеку поспортски дизајн, како и подобри перформанси и управување, благодарение на нивната нова платформа, која е полесна за околу 100 килограми во споредба со претходната. Тоа ќе биде слична транзиција како кај моделот 207, кој го наследи многу различниот 208.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.