Се појавија првите официјални фотографии од концептот Mercedes-Benz GLA, на само три дена пред почетокот на автомобилскиот саем во Шангај.
Концептот е многу блиску до серискиот модел кој Mercedes ќе го претстави на автообилскиот саем во Франкфурт во Септември годинава, пред да започне да се продава низ целиот свет во првата половина од 2014. Кросоверот е базиран на А-класа, а неговите димензии се протегаат во 4.38m должина, 1.97m широчина и 1.57m височина, додека меѓуоскиното растојание останува на истата должина од 2.69m.
Дизајнерската студија изгледа како погруба верзија на А-класа со вообичаените стилски елементи кои ги содржат модерните кросовери, како кровни шини, заштитни лакови над тркалата и плочи под браниците, како и 20-инчни алуминиумски тркала во гуми со профил 255/45 R20.
Ентериерот на GLA е во голем дел превземен од А-класата, но украсен со уникатна обработка, материјали и инструмент табла. Како што е вообичаено, внатрешноста на серискиот модел ќе изгледа далеку пообично од концептот.
Под агресивната површина се наоѓа истото подвозје од базата, опремено со нова суспензија, но истиот 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо агрегат од A250 кој произведува 211 кс. Тука е и седум-степена трансмисија со двојна спојка усогласена со погон на сите тркала. Серискиот модел ќе се нуди со поголем избор на погонски единици, вклучувајќи 2.0-литарски турбо четири-цилиндарски агрегат со над 300 кс за GLA 45 AMG.