Имавме можност краткотрајно да се дружиме со Porsche 911 Carrera 4S од најновата генерација. Денес гордо ви пренесуваме неколку фотографии од супер-спортскиот автомобил од Штутгарт!
Импресивната, нова генерација на Porsche 911 ја носи ознаката 991, а конкретниот модел беше во Carrera 4S изведба. Тоа значи погон на сите четири тркала, за да можат 400-те коњски сили од 3.8-литарскиот 6-цилиндерски боксер најефикасно да се пренесат на подлогата.
Уживајте во фотографиите од овој несекојдневен автомобил кој со самото свое појавување го подигнува адреналинот на повисоко ниво!
Фотографија: Дејан Маликовски