WRC: Ожие освои трета последователна победа во Португалија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Ожие освои трета последователна победа во Португалија!

Себастијан Ожие ја приграби својата трета последователна победа во светскиот рели шампионат, со сигурно, но на моменти и проблематично возење во Португалија.

Французинот беше побавен од Мадс Остберг и Дани Сордо во првите два дена, а потоа претрпе технички проблеми во саботата наутро.

Техничките проблеми кај возилото на Ожие исчезнаа во текот на 21 километри долгата 12-та стаза, овозможувајќи му сигурна победа. Мико Хирвонен заврши втор, 58 секунди подоцна. Со неговите претходни победи во Шведска и Мексико, Ожие сега води со 54 бодови пред Хирвонен во шампионатот. “Привремениот” Себастијан Лоеб се наоѓа на третата позиција.

Јари-Мати Латвала цврсто ја држеше втората позиција се додека  кај неговиот Volkswagen не се појавија технички проблеми на 12-та етапа. Сепак, за разлика од Ожие, проблемите на Латвала се задржаа и во текот на 52 километри долгата 13-та стаза каде што загуби многу време. Тој успеа да ја освои третата позиција, и прв подиум за Volkswagen, најмногу благодарение на огромната разлика која претходно ја направи во однос на побавниот Евгени Новиков.

Четвртата позиција на Русинот беше мала утеха за неговиот тим откако Остберг се откажа од релито при водство во првиот ден. Остберг се врати и беше најбрз на три од последните четири етапи. Тој не успеа да продолжи така и на последната стаза, каде што Ожие го победи за 3.3 секунди, но неговото експресно враќање беше доволно за да го издигне на финалната осма позиција.

Дани Сордо беше уште еден чија потера по победа беше завршена со судир. Возачот на Citroen го започна вториот ден веднаш зад петиците на Ожие, и уште повеќе му се приближуваше се до 6-та етапа, каде што го оштети задниот дел на неговиот DS3 во блиска средба со дрво. Тој успеа да го приграби дванаесеттото место.

Петата позиција ја завзема Насер Ал-Атија, кој држеше удобна разлика од скоро две минути пред Андреас Микелсен во третиот Volkswagen. Мартин Прокоп успеа да заврши 40 секунди пред Остберг и да се смести на седмото место, со Citroen-от на Калид Ал Касими само 13 секунди зад Норвежанецот.

Есапека Лапи успеа да извојува доминантна победа во WRC2 категоријата. Иако Роберт Кубица беше втор најбрз во првиот ден, тој мораше предвремено да го заврши релито поради технички проблеми.

Резултати по 15-тата етапа:
 Поз. Возач Тим/Автомобил Време/Разлика
 1.  Себастијан Ожие     VW                 4h07m38.7s
 2.  Мико Хирвонен       Citroen               + 58.2s
 3.  Јари-Мати Латвала   VW                  + 4m04.5s
 4.  Евгени Новиков      M-Sport Ford        + 5m27.7s
 5.  Насер Ал-Атија      M-Sport Ford        + 7m43.5s
 6.  Андреас Микелсен    VW                  + 9m39.8s
 7.  Мартин Прокоп       Czech Ford         + 15m04.2s
 8.  Мадс Остберг        M-Sport Ford       + 15m43.6s
 9.  Калид Ал Касими     Citroen            + 15m56.9s
10.  Есапека Лапи        Skoda              + 16m21.0s
Водечки позиции по Четвртото Рели Португалија:
 Поз. Возач Тим/Автомобил Вкупно Бодови
 1.  Себастијан Ожие     VW                 102
 2.  Мико Хирвонен       Citroen             48
 3.  Себастијан Лоеб     Citroen             43
 4.  Мадс Остберг        M-Sport Ford        32
 5.  Јари-Мати Латвала   M-Sport Ford        31
 6.  Дани Сордо          Citroen             27
 7.  Тери Невил          M-Sport Ford        25
 8.  Мартин Прокоп       Czech Ford          20
 9.  Насер Ал-Атија      М-Sport Ford        20
10.  Евгени Новиков      М-Sport Ford        15



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.