Французите ќе настапат оваа година на славната Pikes Peak ридско-брзинска трка со деветкратниот светски рели шампион Себастијан Лоеб позади воланот на новиот 208 T16.
Peugeot се надева дека може да го повтори успехот што го имаше со 405 T16, со кој освои две победи едно по друго во 1988 и 1989, благодарение на Финскиот рели возач Ари Ватанен и осумкратниот победник на интернационалната ридско-брзинска трка Pikes Peak, Роби Ансер.
Фотографиите покажуваат дека основната форма на 208 е значително изменета, со широк аеродинамичен бодикит направен од јаглеродни влакна, придружен со огромен заден спојлер директно превземен од Le-Mans болидот Peugeot 908 HDI FAP. Францускиот бренд не објави информации за погонскиот дел на возилото.