Фернандо Алонсо е победник на трката за големата награда на Кина! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Фернандо Алонсо е победник на трката за големата награда на Кина!

Поранешниот двократен светски шампион, Фернандо Алонсо е третиот победник на третата трка одржана оваа сезона во Кина, на патеката во Шангај. На подуимот до него, се искачија Кими Раиконен од Lotus и Луис Хамилтон од Mercedes.

Возачот на Ferrari, Фернандо Алонсо стигна до својата 31-ва победа во својата кариера, изедначувајќи се на 4-та позиција на вечната листа на победници со британецот Најџел Менсел.  Алонсо и неговиот тимски колега Фелипе Маса, го искористија слабиот старт на Кими Раиконен и уште по првата кривина се најдоа зад носителот на пол-позицијата Луис Хамилтон кој не успеа да го задржи налетот на болидите од Маранело и по само неколку круга, речиси во ист момент успеаа атрактивно да го претекнат.

По краток престој на патеката возачите кои стартуваа на меката компонената на гуми, влегоа во пит стоп за нивна промена и од тогаш, па се до крајот на трката, Фернандо Алонсо успеа да наметне едно силно темпо кое што беше недстижно за останатите. Со оваа победа, шпанецот покажа дека болидот на Ferrari има одлични перформанси и најавува дека е најсериозен претендент за освојување на титулата. За жал, неговиот тимски колега, Фелипе Маса не успеа да го издржи силното темпо и на крајот заврши на 6-та позиција.

Добра трка имаа актуелниот шампион, Себастијан Ветел од Red Bull и Џенсон Батон од Mclaren кои по старот од 9-та и 8-та позиција, со добро менаџирање на пневматиците успеаа на крајот да стигнат до 4-та, односно 5-та позиција. Во последниот круг, во интересна завршница, Себастијан Ветел имаше можност да дојде и до подиум но, Луис Хамилтон успеа да ја зачува својата позиција.

Не изостанаа ни инцидентите на патеката. Вториот возач на Red Bull, Марк Вебер прерано ја заврши трката поради контак со еден од болидите на Toro Rosso, а неколку круга подоцна на истиот свиок, возачот на Mclaren, Серхио Перез го истурка Кими Раиконен надвор од патеката при што видно беше оштетен предниот дел на болидот на Lotus. Сепак, Раиконен успеа да стигне до втората позиција возејќи речиси половина трка со оштетен преден дел. Посериозен инцидент се случи на почетокот на трката, кога возачот на Sauber, Естебан Гутиерез на крајот од најдолгиот правец не можејќи да закочи навреме силно удри во задниот дел од болидот на Адријан Сутил. Сето ова се случуваше во т.н. DRS зона и најавена е истрага на скоро десетина болиди кои се под сомнение дека користеле DRS непосредно по инцидентот, односно во моментот кога биле истакнати жолти знамиња.

Возачите и тимовите немаат многу време за одмор, бидејќи веднаш ќе отпатуваат за Бахреин, каде што наредниот викенд ќе се вози следната трка, на патеката Шакир.

Генерален пласман – возачи:	Генерален пласман – конструктори:
1. S. Vettel - 52		1. Red Bull Racing - 78
2. K. Raikkonen - 49 		2. Ferrari - 73
3. F. Alonso - 43		3. Lotus - 60

1 	F. Alonso 	Ferrari 	 	
2  	K. Räikkönen 	Lotus 		+10.1 secs 
3  	L. Hamilton 	Mercedes  	+12.3 secs 
4  	S. Vettel 	RBR-Renault 	+12.5 secs
5  	J. Button 	McLaren  	+35.2 secs 
6  	F. Massa 	Ferrari 	+40.8 secs 
7  	D. Ricciardo 	STR 		+42.6 secs 
8  	P. Resta 	Force India 	+51.0 secs 
9  	R. Grosjean 	Lotus 	 	+53.4 secs 
10  	N. Hulkenberg 	Sauber 		+56.5 secs 
11  	S. Perez 	McLaren 	+63.8 secs 	
12  	J. Vergne 	Toro Rosso	+72.6 secs  	
13 	V. Bottas 	Williams	+93.8 secs  	
14 	P. Maldonado 	Williams	+95.4 secs  	
15 	J. Bianchi 	Marussia	+1 Lap 		
16 	C. Pic 		Caterham 	+1 Lap  	
17 	М. Chilton 	Marussia	+1 Lap 	 	
18  	G. Garde 	Caterham	+1 Lap  	
Отк.  	N. Rosberg 	Mercedes
Отк. 	M. Webber 	RBR-Renault
Отк.	A. Sutil 	Force India
Отк.	E. Gutierrez 	Sauber  

Текст: Игор Андоноски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.