Само неколку дена пред презентацијата на новиот знаменосец на DS, Citroen објави неколку детали за DS Wild Rubis!
DS Wild Rubis е најновиот член на DS фамилијата на Citroen, и ќе им се придружи на DS3, DS4, DS5 и Numero 9 концептот. Според најавите, DS Wild Rubis е предвесникот на SUV моделот од DS линијата кој наскоро би требало да го видиме во сериско производство.
Официјалната премиера на овој модел ќе биде на авто-саемот во Шангај. Кина секогаш била добар пазар за Citroen, па не е воопшто чудно што Францускиот бред реши презентацијата да ја направи токму на овој, растечки пазар.