Audi со четири нови RS модели оваа година! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi со четири нови RS модели оваа година!

По повод 30-годишнината на спортската дивизија на Audi – Quattro, Германците оваа година ќе претстават четири нови RS автомобили со ветување дека нивното појавување на пазарот ќе биде наскоро.

Четирите RS автомобили на Audi всушност ќе бидат RS6 Avant, RS7 Sportback, RS5 Cabriolet како и првиот SUV кој ќе ја носи оваа ознака – RS Q3.

Веќе сме запознаени со неколку од овие нови модели, за кои во неколку наврати пишувавме. RS6 Avant кој нуди 560 коњски сили во едно извонредно агресивно пакувањене остави без здив кога за прв пат го видовме. Сега сме уште понестрпливи знаејќи дека заедно со RS7 Sportback ќе бидат претставени оваа година.

Оваа година Audi има нов план со кој ќе ја зголеми продажбата на своите возила, а првиот чекор ќе бидат токму овие нови модели. Досега Audi практикуваше да претстави по еден RS модел, но сега новиот под-бренд RS ќе добие поголемо внимание.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.