Бензинот останува со иста цена, дизелот поскапува половина денар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Бензинот останува со иста цена, дизелот поскапува половина денар!

Регулаторната комисија за енергетика пред неколку минути ги објави новите цена на горивата – а тие остануваат исти. Само дизелот поскапува половина денар!

Според калкулацијата на Регулаторната Комисија за Енергетика, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.37%, но сепак тие во следните две седмици нема да се променат, односно ќе има мало зголемување на цената на дизелот. Еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 70.50 денари, односно половина денар повеќе од досега.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.