Веќе пишувавме за можниот наследник на Maserati MC-12 базиран на LaFerrari, а македонскиот дизајнер Антон Ѓоршев ни претстави како тоа би можело да изгледа!
Ова е неговата визија за тоа како би можел да изгледа наследникот на MC-12 кој би го носел името MC22. Веќе пишувавме дека наследникот најверојатно би го користел истиот V12 агрегат од LaFerrari, но без хибридните компоненти, или можеби би користел квад-турбо V8 со зафатнина од 3.8 литри од Maserati Quattroporte.
Во секој случај, нам ни изгледа одлично, и се надеваме дека нема да остане овој модел само на шпекулации.