Затегнување на брчките на Kia Optima – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Затегнување на брчките на Kia Optima

Kia ја претстави обновената Optima на автомобилскиот саем во Њу Јорк.

Kорејскиот бренд го освежи нивниот популарен седан Optima по само две години од неговата премиера. Однадвор, автомобилот добива изменета решетка, нов заден дифузер и редизајниран поклопец за багажникот, а предните и задните LED светла ги комплетираат надворешните надградби за модерен дизајн.

Ентериерот добива нов 4.3-инчна дигитална инструмент таблаи опционална 8-инчен дисплеј со сателитска навигација и медиа систем. За попремиум чувство тука се нови седишта и ситни детали во ентериерот, но и нови материјали меки на допир.

Надградбите ги заокружува новиот селектор за режим на возење помеѓу Sport, Eco и Normal. Тој го прилагодува одзивот на гаста, менувањето на брзините и отпорот на вртење на воланот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.