Во Мадрид е уловен нов концепт на Renault, кој претставува супермини со средно поставен мотор и заден погон, во духот на Renault 5 Turbo.
Автомобилот најверојатно ќе биде наречен TwinRun или TwinFun. Уловен е во текот на снимање на реклама, а се верува дека ќе има три-цилиндарски агрегат. Неговиот механички распоред е во тврдокорниот тркачки стил на Францускиот бренд, исто како кај моделите Renault 5 Turbo и Clio V6. Доколку TwinRun/Fun излезе во производство, најверојатно ќе биде Alpine верзија на наредното Twingo, кое ќе ја дели платформата со наредниот Smart ForTwo.
Фотографиите прикажуваат колку многу елементи од неговиот дизајн потсеќаат на оние од претходниот Renault 5 Turbo.