Корејскиот бренд го претстави новиот CUB концепт на нивниот домашен автомобилски саем во Сеул.
Новиот концепт се протега во должина од скоро четири метри, а е дизајниран во студиото на компанијата под раководство на Питер Шрејер. Иако изгледа како хечбек, од Кiа велат дека се работи за компактно купе со четири врати.
Концептот е долг помалку од четири метри, а негова најзначајна одлика е изоставувањето на Б-столбот за полесен влез во кабината, а тука се и задните врати кои се отвараат автоматски на допир наназад. Автомобилот е опремен со LED светла и вози на 19-инчни алуминиумски фелни.
Во внатрешноста се забележуваат четири одвоени седишта, како и кожен тапацир со жолти детали на седиштата, воланот и потпирачите за раце. Централната конзола има минималистички дизајн и е со вградени отвори за вентилација кои се управуваат на допир преку сензори, додека воланот може да го имитира биоритамот на возачот.
За придвижување на автомобилот е задолжен 1.6-литарски турбо бензински агрегат со 204 кс и 265 Nm вртежен момент.
Корејската компанија изјави дека нема намера да го произведува CUB concept.