Ова се првите фотографии од новиот WRX Concept на Subaru. По најавите дека сака да направи спортски седан кој ќе се издвои од Impreza, дали всушност Subaru се враќа кон корените на овој модел?
Subaru Impreza сите ја познаваме како спортски седан кој своето реноме го градеше на рели-патеките низ светот. Со трансформацијата на Impreza од седан во хечбек, многу фанови на брендот зборуваа дека Subaru ја напушта својата историја.
Неодамна Subaru најави дека сака WRX брендот да го издвои од Impreza и да направи независен модел – но гледајќи ги првиве фотографии, ние сметаме дека всушност луѓето од Subaru ја увиделе својата грешка и повторно се враќаат кон добро познатата форма.
Сепак, повеќе ќе знаеме по официјалната промоција на моделот во Њу Јорк, а овие фотографии нам ни изгледаат одлично!