Официјално: Audi ги прикажа новите А3 и S3 во седан изведба! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Audi ги прикажа новите А3 и S3 во седан изведба!

На автомобилскиот саем во Њу Јорк, производителот од Инголштад ги прикажа новите A3 и S3 во седан изведба. S3 може да се пофали со дури 300 коњски сили!

Ова е прв обид на Audi да влезе во класата на компактни седани, каде што веќе конкуренцијата е заоштрена, но освен Mercedes-Benz CLA, нема друг конкурент меѓу премиум моделите. Дизајнот е воздржан и типичен за едно Audi, но истовремено модерен и современ. A3 Sedan е долг 4.46 метри, широк 1.80 метри а висок 1.42 метри.

Опремен со 1.4-литарскиот TFSI мотор, Audi A3 Sedan тежи само 1250 килограми, но ќе се нуди и познатиот 2.0 TDI со 150 коњски сили и 320 Nm вртежен момент. Опремен со бензискиот 1.4 TFSI со 140 коњски сили, потрошувачката ќе изнесува 4.7 литри на 100 километри, а со дизелот 4.1 литар на 100 километри. Забрзувањата до 100 километри на час изнесуваат 8.4 односно 8.7 секунди, соодветно. Покрај овие мотори, ќе се нуди и 1.8 TFSI кој нуди 180 коњски сили. Со овој мотор забрзувањето до 100 километри на час трае 7.3 секунди, а потрошувачката е 5.6 литри на 100 километри.

Но она што е поинтересно за нас е S3 варијантата. Тука под поклопецот се крие добро-познатиот 2-литарски TFSI мотор кој сега ќе испорачува цели 300 коњски сили и 380 Nm вртежен момент! Со S-Tronic менувач забрзувањето до 100 километри на час трае само 4.9 секунди, а со мануелен менувач 5.3 секунди. Секако, тука е и Quattro погонот на сите четири тркала!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.