Регулаторната Комисија за Енергетика ги намали малопродажните цени на горивата за по еден денар!
Со мало закаснување од еден ден, со задоволство можеме да пренесеме дека од ноќеска на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат за по еден денар. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продаваат по цена од 82.50 односно 84 денари за литар. Еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 70 денари за литар.
Намалувањето не е големо, но секое намалување е добредојдено.