Ова е обновената Nissan Micra, која на некои пазари е позната како March, која беше претставена неделава во Тајланд а ќе започне со продажба во Европа во наредните неколку месеци.
По три години од нејзиното излегување на пазарот, четвртата генерација на Micra доби благ козметички третман, кој содржи редизајниран преден дел со изменети светлосни групи, нова решетка и поинаков браник, заедно со нов избор на алуминиумски тркала, изменет заден браник и задни светла со LED технологија.
Промените во внатрешноста се однесуваат на новата централна конзола со правоаголни отвори за вентилација, изменети контроли за клима уредот, обновена графика на мултимедијалниот дисплеј, како и нови бои и материјали.
Покрај естетските измени, Јапонскиот производител не објави никакви механички измени за новата Micra.