Возачот на Red Bull-Renault, германецот Себастијан Фетел беше најбрз на денешните квалификации за трката во Малезија на патеката Сепанг.
Како и минатиот викенд во Австралија, Фетел е најбрз на квалификациите, а дождот беше повторно присутен, но само во третата квалификациска сесија.
Фетел најдобро се снајде со условите на патеката и успеа да постави најдобро време во последната квалификациска сесија. Зад него на стартот ќе бидат двајцата возачи на Ferrari, бразилецот Фелипе Маса и шпанецот Фернандо Алонсо.
Интересно е што пред да заврне, односно додека условите беа суви за време на првата и дел од втората квалификациска сесија, темпото го диктираа возачите на Mercedes, Нико Розберг и Луис Хамилтон, како и победникот од минатата трката, финецот Кими Раиконен. Ова го потврди и Фелипе Маса на прес конференцијата, веднаш по квалификациите. Бразилецот беше запрашан, со оглед на тоа што вакви услови му одогваарт на Ferrari, дали дождот им помогнал? Тој кратко одговори дека не бил сигурен дали ќе го постигнеле овој резултат доколку патеката била сува, бидејќи Вебер, Раиконен и возачите на Mercedes биле прилично брзи, па можеби дождот сепак малку ни помогна.
Мало изненадување беше и повратникот во Ф1 Адријан Сутил кој со својата Force India-Mercedes успеа да постави најбрзо време во првата сесија, а утршната трка ќе ја започне од 8-та позиција.
Победникот од минатата трка, Кими Раиконен, трката ќе ја започне од 10-тата позиција поради тоа што по завршувањето на квалификациите беше казнет од стјуардите со 3 места на стартот, поради блокирање на Нико Розберг.
Поз. Бр. Возач Тим КС1 КС2 КС3 1 1 S. Vettel RBR-Renault 1:37.899 1:37.245 1:49.674 2 4 F. Massa Ferrari 1:37.712 1:36.874 1:50.587 3 3 F. Alonso Ferrari 1:37.314 1:36.877 1:50.727 4 10 L. Hamilton Mercedes 1:37.513 1:36.517 1:51.699 5 2 M. Webber RBR-Renault 1:37.619 1:36.449 1:52.244 6 9 N. Rosberg Mercedes 1:37.239 1:36.190 1:52.519 7 7 K. Räikkönen Lotus-Renault 1:36.959 1:36.640 1:52.970* 8 5 J. Button McLaren-Mercedes 1:37.487 1:37.117 1:53.175 9 15 A. Sutil Force India-Mercedes 1:36.809 1:36.834 1:53.439 10 6 S. Perez McLaren-Mercedes 1:37.702 1:37.342 1:54.136 11 8 R. Grosjean Lotus-Renault 1:37.363 1:37.636 12 11 N. Hulkenberg Sauber-Ferrari 1:37.931 1:38.125 13 19 D. Ricciardo STR-Ferrari 1:37.722 1:38.822 14 12 E. Gutierrez Sauber-Ferrari 1:37.707 1:39.221 15 14 P. Resta Force India-Mercedes 1:37.493 1:44.509 16 16 P. Maldonado Williams-Renault 1:37.867 No time 17 18 J. Vergne STR-Ferrari 1:38.157 18 17 V. Bottas Williams-Renault 1:38.207 19 22 J. Bianchi Marussia-Cosworth 1:38.434 20 20 C. Pic Caterham-Renault 1:39.314 21 23 M. Chilton Marussia-Cosworth 1:39.672 22 21 G.Garde Caterham-Renault 1:39.932
*Ќе стартува 3 места поназад, поради казната од стујардите.
Текст: Игор Андоноски